Даштевски: Јанева нема капацитет да го води СЈО

За работата на Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева гостин во студиото на ТВ Нова беше политичкиот аналитичар Александар Даштевски кој критично го изрази својот став дека Јанева нема капацитет за да раководи со оваа одговорна институција.

-Уште пред неколку месеци кажав дека Јанева нема капацитет да го води СЈО. Сметам дека четирите политички партии што ја поставија на оваа функција можеби требаше да се договорат за друга личност. Да не се чудиме после зошто нема резултати во текот на мандатот на СЈО. За резултати треба личност што може да ги испорача, смета Даштевски.

Тој зборуваше и за интервјуто на македонскиот јавен сервис, по кое што јавната обвинителка наиде на остра критика за читањето на одговорите.

-Сметам дека она интервју беше нешто најнедостоинствено и не знам како може човек што треба во ноќ да го разбудиш и да ги знае одговорите, да чита и да не знае да го прочита напишаното. Тоа зборува многу за капацитетот. Интервуто беше со цел да направи подготовка за оваа седница што сега се води. Јанева повтори дека треба да се продолжи мандатот и тоа требаше да биде порака до пратениците, истакна Даштески и додаде дека СЈО требаше да објасни зошто со месеци нема никакви активноти.

-Тоа што не се одржа седница шест месеци е катастрофално. Да се случеше тоа пред шест месеци ќе се разговараше кој треба и зошто да се  ангажира. Според она што го кажа Јанева, односно дека се преслушани 12 посто од прислушуваните разговори, за 600 000 снимки ќе бидат потребни 10 години. Тоа влева правна несигурност – за една година не сте направиле ништо, рече Даштевски.

Политичкиот аналитичар, и покрај тврдењата на специјалното обвинителство дека наишло на големи опструкции, смета дека ваквите изјави не се основани.

„Нема опструкции. Она што СЈО го бара е од материјални причини, односно се работи за огромен буџет. Пратениците мораат да ги намалат сретствата. Имаше шпекулации дека во СЈО се вработени роднини и пријатели, тие луѓе не можат да ја водат постапката. Постапката треба да ја водат стручњаци. Целата Македонија чека резултати. Ова значи продолжување на рокот СЈО да ужива во своите фотељи уште неколку години зашто не испорача никакви резултати. Поснесе обвинение за кршење на три прозорци во Центар, а се споменуваат суми од 500 милијарди евра. Разговараме за предмети каде состојбата е чиста, а нема предмет каде се заговараше дека има корупција. Се занимаваат со споредни работи, трошат време“, истакна Даштевски.

Сите политичари брзаа и целата држава беше среќна кога се избра СЈО, се сеќава Даштески и додава дека професорот Калајџиев веднаш по изборот на Јанева рече дека се распрашал добро и дека му кажале дека таа личност не може да ја заврши работата како што треба, а со оваа одлука СДСМ ќе претрпи најголема штета.