Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Шутка утре ќе останат без струја

 Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека на ден 14.11.2017 (вторник)заради закажани технички зафати без електрична енергија ќе останат неколку улици во Скопје.

Во периодот од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. 533 (место викано Бела Земја) згради 1, 2, 3 и 4 и ул. 531 во општина Илинден.

Корисниците од  дел од ул. 4 во с. Никиштане во општина Ѓорче Петров утре ќе останат без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Во периодот од 08:30 до 12:30 часот нема да има електрична енергија за корисниците од делови од улиците Ѓорѓи Пенков, Нов Живот, Диме Мечето, Вашингтонска, Селечка Планина, Гвадалахара, Шуто Оризари, Гарибалди, Волт Дизни, Гарсија Лорка и Метохиска во општина Шуто Оризари.