Демпси 60 минути играл со скршен нос

Репрезентативецот на САД, Клинт Демпси, кој го постигна првиот погодок на натпреварот против Гана, откри дека цели 60 минути играл со скршен нос.

Поранешниот фудбалер на Фулам и Тотенхем заработи незгоден удар во првото полувреме, но и покрај големата болка, искусниот играч за врска одбил да биде заменет.
“Голтав крв, но морав да играм за мојата репрезентација. Не можев нормално да дишам, трчав колку што можев, но дадов се до себе и во една таква ситуација. Се надевам дека се ќе биде во најдобар ред, дека ќе бидам 100% подготвен за дуелот против Португалија. Само да можам да дишам, другото не е важно”, изјави Демпси.