Денеска, сончево и топло

Ќе преовладува сончево време со сосема слаб ветер. Максимална температура околу 26°С се очекува во поголемиот дел од населените места низ земјава. Југот на повардарието очекува максимални 28°С.

Во Скопје се очекува пријатно и претежно сончево време. Минималната температура ќе се „спушти“ до 10°С. Дневниот максимум на температурата ќе достигне до 26°С.