Сончево и потопло со умерена облачност

Во вторникот во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринските температури се движат од 4 до 10, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 16 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до 25 степени.