Досега поднесено 41 барање за азил

Министерството за внатрешни работи вчера издаде 540 потврди за поднесување барање за азил во Македонија на странци кои илегално влегле на нашата територија.

Вкупно издадени 22.748 потврди

Откако се изгласани измените на Законот за азил па се до денес издадени се потврди на вкупно 22.748 странски државјани, од кои, 16.462 се мажи, 3.016 се жени, 3.072 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 198 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 16.905, потоа од Авганистан 1.764, Ирак 1.245, од Пакистан 785, Сомалија 502, од Палестина 420, Конго 278, од Камерун 127, додека останатите се во помал број.

Мигрантите земаат потврди, но послабо бараат азил

Од започнување на издавањето на потврдите до 31.07.2015 година до Одделението за азил се поднесени 41 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.07.2015 година се евидентирани вкупно 7 баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Укажана прва помош на 143 лица, од кои 5 трудници

Во однос на активностите на мобилните тимови на Црвен крст на ден 30.7.2015, укажаа прва помош на вкупно 143 лица, од кои 5 трудници. Од вкупниот број интервенции, 102 беа извршени на железничката станица во Гевгелија и 41 интервенциja на железничката станица Табановце.

Дистрибуирани се: 365 шишиња води, 29 хигиенски пакети за жени, 44 пакети со храна, 23 хигиенски пакети за мажи, 36 пакети за самопомош и 26 пакети за бебиња, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

 

 

Повеќе околу Законот за азил прочитајте ОВДЕ.