Џеко и Манџукиќ во списокот на Ерик Тохир

Новиот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, индонезискиот бизнисмен, Ерик Тохир се’ уште не се откажува од намерата за време на летниот преоден рок да ангажира напаѓач од светска класа кој ќе има за задача да го замени аргентиснкиот ветеран, Диего Милито.

Прв на неговиот список со напаѓачи кои би се преселиле на „Џузепе Меаца” за време на летниот преоден рок е босанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Един Џеко кој е проценет на 25 милиони фунти.

Доколку не успее во намерата да ги осигура услугите на високиот напаѓач од редовите на Манчестер Сити, сопственикот на Интер ќе испрати официјална понуда до хрватскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Марио Манџукиќ.

Напаѓачот на баварскиот гигант ќе биде дефинитивно поскапа опција за Тохир кој ќе мора да одвои најмалку 35 мил. евра за услугите на репрезентативецот на Хрватска.