Еден од тројца луѓе го демне деменција или мозочен удар

Еден од тројца жители ќе добие деменција или мозочен удар за време на животот, пишува Дневник.Болестите што го засегаат мозокот се едни од најважните причини за инвалидност во светот. Затоа ја презедовме иницијативата за промовирање подобро здравје на мозокот на глобално ниво, изјави вчера д-р Мохамед Васау, претседател на Kомитетот за јавна свест во Светската федерација за неврологија, а по повод денешниот Светски ден на мозокот.

Под мотото „Нашиот мозок – наша иднина“, денеска првпат се одбележува денот кога е формирана Федерацијата во Брисел, во 1959 година. Сега, невролозите алармираат дека мозочниот удар и трауматските повреди на мозокот се двете најважни причини за инвалидност во целиот свет, а еден до два отсто од светската популација страда од некој вид хендикеп поради трауматските повреди на мозокот. Во светот, мозочниот удар е втората најчеста причина за смрт, по срцевите заболувања и пред хроничната опструктивна белодробна болест. Невролошките нарушувања, како мозочниот удар и деменција, се предвидува да се зголемат на стапка што може да ги победи нашите здравствени системи.

Целиот текст прочитајте го тука.