Екс градоначалник пијан излетал од патот и се удавил

Поранешниот градоначалник на една помала општина во Хрватска, Мили Скукан загинал откако пијан излетал со својот автомобил од патот и завршил во едно езерце.

Тој се враќал од прослава и најверојатно бил  под дејство на алкохол.

По него трагале три дена, се додека рибари не забележале дека под површината на водата ѕирка црвен покрив од автомобил.

Полицијата го извадила возилото а во него било неговото тело. Во тек е обдукцијата која ќе покаже под какви околности загинал поранешниот градоначалник.