Ексклузивно: Накови станаа малцинство во „Фершпед“, ги продаваат и акциите

Претседателот на Надзорниот одбор на Фершпед, Штерјо Наков, ги нуди своите акции во компанијата на странските акционери, дознава Нетпрес од своите извори.

Нашите извори велат дека Наков во вторникот во хотелот „Александар Палас“ имал средба со претставник на странските акционери, кому му ги понудил за продажба своите, но и акциите во сопственост на неговите синови, Драган и Сашо.

Драган Наков во изјава за Нетпрес ги демантираше овие информации.

На прашањето, „дали е вистина дека семејството Накови ги продаваат своите акции во Фершпед“, само накратко изјави: „Не, никој не ги продава!“

Странските акционери и двајца поголеми македонски акционери во „Фершпед“, кои заедно имаат 15 отсто од акциите во комапнијата, еден ден потоа, како што дознаваме, поднеле барање до Управниот добро за вонредно собрание.

Инаку здружените македонски и странски акционери во „Ферпшед“, моментно поседуваат околу 35 отсто од акциите, додека спротивниот табор, односно Штерјо Наков и неговите двајца синови, имаат околу 25 отсто.

Со ова ново барање, домашните и странските акционери се заинтересирани за промени во начинот на работење и управување со компанијата, по пат на свикување и одржување на вонредното собрание на акционери.

Вчера беше обеледенето дека преку Македонската Берза се продадени вкупно 209 акции, односно 1,2 отсто од вкупниот капитал на компанија, по цена од 122 илјади денари. Купувачот на овие акции платил 415 илјади евра.

Купувачот на акциите се очекува да биде познати утре.

Денеска од компанијата преку Берза објавија дека вонредното собрание е закажано за 10-ти јануари следната година на дневен ред ќе се најдат повеќе теми меѓу кои и смена на актуелното раководство на „Фершпед“.