ЕВН Македонија со поддршка за студентите од Битолскиот универзитет

ЕВН Македонија и Универзитетот Климент Охридски од Битола потпишаа меморандим за соработка. Научната, техничката и апликативната соработка ќе се остварува на повеќе начини. Ќе се реализираат заеднички научно – стручни истражувања, размена на знаења, искуства и вештини преку одржување на континуирани средби, работилници, семинари, како и заеднички проекти за промоција на сите активности.

ЕВН Македонија ќе продолжи да ги подржува студентите кои се запишани на смерот за електро енегетски системи на Битолскиот универзитет. Покрај можноста да посетуваат практична работа и да следат предавања на стручни лица од компанијата, студентите кои имаат висок просек и ги минале процесите на селекција може да станат и стипендисти на ЕВН Македонија.

Меморандумот за соработка го потпишаа Игор Гиевски член на управниот одбор на ЕВН Македонија и проректорот Сашо Атанасовски на универзитетот Климент Охридски.

Александар Кочалевски студент во прва година е третиот стипендист кој покрај паричните средства, ќе посетува практикантска работа следена од ментори и ќе добие подршка од ЕВН во својот професионален развој. Тој вели дека се одлучил за ЕВН бидејќи најголемата корист не се само средствата туку и професионалноста која се учи во дистрибутивната компанија и практичниот дел од образованието кој ќе му овозможи вистински напредок во градењето на својата кариера.
ЕВН Македонија е првата енергетска компанија која го врати и го подигна на повисоко ниво процесот на стипендиртање на студенти од техничките факултети. Веќе четири години стипендии добиваат студенти од Факултетто за електро технички науки од Скопје и Битолскиот универзитет. ЕВН Македонија последните две години заеднички со државните енергетски компании ЕЛЕМ и МЕПСО доделува по 14 стипендиии со што директо се придонесува за зголемување на бројот на запишани студенти на електро енергетските смерови.Со ова се овозможува создавање на високо стручни кадри неопходни за идниот развој на енергетскиот сектор во земјава.