ФБИ ќе се вклучи во истрагата за паднатиот руски авион

ФБИ ќе се вклучи во истрагата за паднатиот руски авион
ФБИ ќе се вклучи во истрагата за паднатиот руски авион

ФБИ ќе и помага на Русија во истрагата на авионската несреќа во Египет, пишува весникот „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високо позиционирани американски безбедносни претставници.

Русите упатиле вакво барање до ФБИ, што е вистинска реткост, и ФБИ се согласило, додаде весникот.

fbi-istraga

Според американските претставници, Русите побарале помош за анализи, кои точно ќе треба да утврдат што довело до падот на рускиот авион во Синај.

Истовремено, шефот на египетската истражна комисија за авионската несреќа Ајман ал Мукадам, соопшти дека во истрагата помагаат 58 истражители и технички советници од Египет, Франција, Русија, Ирска и Германија.

руски-авион-урнат