ФИА го изготви извештајот за несреќата во која беше повреден Бјанки

Светската автомобилистичка федерација го објави извештајот во врска со несреќата која ја доживеа возачот на Марусија, Жил Бјанки.

Според извештајот, до инцидентот на трката за Големата награда на Јапонија дошло поради тоа што Бјанки не ја намалил доволно брзината пред судирот.

Младиот Французин доживеа тешка повреда во тешки услови на легендарната „Сузуки“ патека, кога удри во кран кој го изнесуваше болидот на Адријан Зутил.

Бјанки месес ипол беше во кома, а неодамна беше префрлен во Франција каде го продолжува своето лекување, но неговата состојба и натаму е критична.

Во извештајот, кој го составуваше десетчлена комисија, се наведува дека сопирачкиот систем на болидот можеби го спречил Бјанки да го сопре моторот, па така само го забрзал неговиот судир со кранот.

Тој систем не бил компактибилен со оние кој ги користат болидите во Формула 1, кој овозможува гасење на моторот доколку возачот во исто време притисне и сопирачка и гас.

Извештајот исто така го ослободи од одговорност директорот на трката Чарли Вајтинг околу неговата одлука да не повика безбедносно возило додека болидот на Зутил не се изнесе од патеката.