ФОЛТИН и Диџеј Шурбе на 14-ти февруари во City Hall Center

На 14-ти февруари, во 22:00 часот, во City Hall Center, во Скопје, ќе настапат Фолтин и  Диџеј Шурбе.

Омилените Фолтин, по повеќе успешни проекти и концерти зад себе, во земјава и  странство во текот на минатата година, за прв пат оваа година ќе ги почестат  своите фанови со настап.

Ноќта на љубовта и музиката, ќе започне со настапот на Фолтин, а ќе продолжи со  Диџеј сет на единствениот Костадин Шурбановски – Шурбе.

Билетите, кои се во ограничен број, ќе бидат достапни во претпродажба во сите  продажни места на КУПИКАРТИЗАСЕ по цена од 200 денари, како и на самиот влез  на настанот по цена од 250 денари.