ФОТО: Руски амбасадори тераат мајтап со НАТО

Руски амбасадори на својот официјален профил постирале фотографија од играчки камиони, тенкови и оклопни возила наредени на терен со порака: „Го објавуваме најновиот доказ на НАТО за руски оклопни возила влезени во Украина! Ова е најверојатно најуверливиот доказ досега!“

Оваа фотографија веројатно е потсмешлив одговор на сателитските фотографии што НАТО ги објави како „доказ“ за руското воено вмешување во Украина.

rusija1

Дигиталната „војна“ со мапи и фотографии на Твитер почна меѓу Канада и Русија на 27 август, кога канадските претставници во НАТО постираа мапа на која беа прикажани двете соседни држави, едната означена како „Русија“, а другата, Украина, беше означена „Не е Русија“.

Нивните руски колеги во НАТО одговорија со своја мапа, на која Крим е јасно означен како дел од Русија.