Како и на секои фингирани протести досега, така СДСМ и денеска со автобуси носеше пензионери во Скопје како поддршка за студентскиот марш на кој присуствуваа едвај 3.000 лица и покрај тоа што опозицијата ги вклучи сите инструменти за да го направи што е можно помасовен.
Покрај млади лица, од фотографиите кои кружаат на социјалните мрежи може да се забележи дека меѓу оние кои протестираат има и постари лица, дел од партиските ограноци на СДСМ кои дојдоа да ја дополнат бројката за протестот да добие на масовност.
Овие фотографии од автобуси со кумановски таблички кои превезуваат пензионери, докажуваат дека најголемата опозициска партија ги вклучи и нив во протестите. Преку општината во која локалната власт е во рацете на опозицијата, кумановски пензионери ги пополнуваа студентските редови.
За денешниот протест, опозицијата се екипираше помасовно по социјалните мрежи. Имено, покрај Студентскиот пленум кој наводно стои зад организацијата на протестот, се вклучија и челниците од опозицијата, меѓу кои и универзитетски професори.