Ѓорческа со победа го започна турнирот во Анталија

Ѓорческа доживеа елиминација на турнирот во Подгорица

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа стартуваше со победа на ИТФ Фјучерсот вреден 10.000 долари во Анталија, Турција.

Нашата најдобра тенисерка која е четврта носителка на турнирот, во првото коло славеше против Надја Колб од Украина со 2:0 (6:4, 7:5).

Следен противник на Ѓорческа е Швеѓанката Корнелија Листер.