Груевски: Да беа точни шпекулациите за техничка влада вечерва ќе имавме договор

Опозициските медиуми во текот на целиот ден додека траеја преговорите во Брисел објавуваа невистини и шпекулираа за договарање на техничка влада.

-Да беа точни тие шпекулации, меѓу кои и оваа за техничка Влада, вечерва ќе имавме договор. Зошто немаме договор? Затоа што сите шпекулации кои ги добивавте од страна на СДСМ беа неточни, рече премиерот.