Ѓурковиќ: Луѓето во Македонија се решителни на секој начин го бранат уставниот поредок на државата

Луѓето во Македонија се решителни на секој начин да го бранат уставниот поредок на својата држава, изјави Миша Ѓурковиќ, политички аналитичар и новинар во емисијата „Добро утро“ на ТВ Пинк, која во еден дел беше посветена на случувањата во македонскиот Парламент, каде што во четвртокот вечерта поголема група граѓани, револтирани од пеењето на албанската химна во законодавниот дом и од нелегалниот начин на назначување на Талат Џафери од ДУИ за спикер напарламентот, влегоа во Собранието.

„Зборувам токму за конкретниот случај на насилство кој вчера го предизвика опозицијата, директно кршејќи го законот, индиректно Уставот итн. Пред десетина дена јас дури овде и пишував, господинот (поранешен министеерз за внатрешни и наддворешни работи од СДСМ, Љубомир) Фрчкоски кој е еден од главните стратези на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи, директно го најави ова што се случува, и каде што се залагаше за насилно сменување на актуелниот претседавач, и отприлика рече: ’времето истекува за СДСМ и мораме под итно да работиме да на секаков можен начин пробаме да воспоставиме некоја нова власт, затоа што процесите не ни одат на рака!“, потсети Миша Ѓурковиќ .

Во продолжение оцени дека тоа „доведе до таму што имавме класично насилство, на коешто оваа втора страна, како што видовме одговори исто на еден доста брутален начин. Меѓутоа, човек мора да сфати дека тие ја бранат државата! Тие се луѓе многу одлучни на секој начин да го бранат уставниот поредок на државата“.

„Државата која денес е дефинирана како држава на Македонците и на малцинствата, а видовте дека Албанците цело време за себе говорат како мнозински народ во Македонија, значи на сила се обидуваат со поддршка на (лидерот на СДСМ, Зоран) Заев да го менуваат уставниот поредок, и себеси да се прогласат за некаков мнозински геофактор, и ги отвораат процесите кои би требало до водат кон федерализација, кантонизација и, суштински, кон она за што веќе колегата почна да говори, до поделба на Македонија на она што тие го нарекуваат ’Илирида’ и овој преостанатиот дел ’Словено-Македонија’, анализираше Ѓурковиќ.

„Имате, конкретно кај Заев и СДСМ, дека се подготвени како би кажале кај нас ’да ја продадат верата за вечера’ и таа фрустрација дека повеќе од десет години не се дел од владејачката коалиција,  да ја решат со тоа што ќе ги прифатат сите можни услови кои Албанците и меѓународниот фактор ги бараат, вклучувајќи ја и Тиранската платформа, за да се докопаат до власт“, заклучи Ѓурковиќ.