Хакиран сајтот на „Парламентскаја газета“

Интернет-страницата на официјалниот весник на рускиот парламент била цел на хакерски напад, јави ИТАР-ТАСС.

Како резултат на нападот, на страницата се појавиле информации од името на федералното собрание на Русија што не одговараат на реалноста.

Страницата на „Парламентскаја газета“ била хакирана вчера, околу 15 часот.