Игуаин и Калдара официјално во Милан, Бонучи се врати во Јувентус

Италијанските фудбалски великани Милан и Јувентус во четвртокот вечерта објавија дека официјално ја заокружиле размената на играчи во кои во Милано заминаа аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин и бекот Матиа Калдара, додека во Торино се враќа стоперот на италијанската репрезентација Леонардо Бонучи.

Игуаин во Милан пристигнува на едногодишно позајмување за коешто „росонерите“ ќе издвојат 18 милиони евра, со можност за откуп на договорот за 36 милиони евра.

Бековите коишто ги заменија клубовите потпишаа петгодишни договори со своите нови сопственици вредни по 35 милиони евра. Притоа Бонучи во Јувентус се враќа по само една година надвор од неговите редови.