Еден од лидерите на Исламска држава убиен во Ирак

Еден од лидерите на Исламска држава, Хамад Заалјан Афри е убиен во јужниот дел на Мосул во Ирак.

Тој раководел со финансиските активности на радикалната групација, а бил убиен во експлозија на бомба покрај пат. Заедно со него биле убиени уште тројца борци, кои во групацијата биле одговорни за водоснабдување, здравство и општински прашања во Мосул.

Засега не е познато кој ја поставил бомбата покрај патот.

Мосул беше преземен од џихадистите пред околу една година, на 10. јуни.