Македонија

Иванов ќе биде прогласен за почесен професор на универзитетот „Ломоносов“

Иванов ќе биде прогласен за почесен професор на универзитетот „Ломоносов“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска, во рамки на посета на Руската Федерација, ќе го посети московскиот државен универзитет „Ломоносов“.

Како што е најавено, на свечена церемонија на претседателот Иванов ќе му биде доделена титулата „Почесен професор на Универзитетот Ломоносов“.

На свеченоста македонскиот претседател ќе ги одликува со орден и медал за заслуги Евгениј Суханов, доктор  по правни науки, професор, заслужен научник на Руската Федерација, шеф на катедрата за граѓанско право во „Ломоносов“ и Елена Верижникова, доцент на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет.