Мексико: Пронајдени 12 мртви тела

Во мексиканската сојузна држава Гереро на крајбрежјето на Тихиот океан се пронајдени најмалку 12 тела во две одвоени масовни гробници.

Телата биле на девет мажи и три жени во градот Мекскалтепек, а еден од жртвите носел униформа од најблиската полициска управа на градот Таксико.

Од канцеларијата на тамошниот државен обвинител било соопштено дека телата ги пронашле воени лица откако добиле анонимна дојава за време на викендот.