Кадетките поразени и од Словенија

Кадетките поразени и од Словенија

Женската кадетска репрезентација на Македонија (ракометарки до 17 години) во рамки на 2.коло од Европското првенство што се одржува во Скопје доживеа пораз од Словенија со 31:20.

Ова е втор пораз за Македонија, која во првото коло убедливо беше совладана од Шведска со 32:16.

По овој пораз македонските кадетки ги загубија сите шанси за пласман во следната рунда, па на дуелот против Чешка преостанува битка за избегнување на фенерот на табелата. Овој натпревар се игра во недела во 19 часот, а Македонија со победа ќе остане во игра за десето место кое носи директен пласман на Светското првенство идната година.

Резултати:

Група А: Шведска – Чешка 35:29, Македонија – Словенија 20:31

Табела: Шведска 4, Словенија 4, Чешка 0, Македонија 0.