Калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот на булеварите „Илинден“ и „Гоце Делчев“

Во рамките на проектот за автоматизирано управување на сообраќајот во наредните неколку дена ќе се врши калибрација на адаптивната контрола на сообраќајот на крстосниците по должината на булеварот „Илинден“ на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ (кај мостот „Гоце Делчев“) до крстосницата со улицата „Љубљанска“ и на крстосниците по должината на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од крстосницата со улицата „Филип Втори Македонски“ до крстосницата со улицата „Беласица“ (кај скопското сајмиште).

Калибрацијата е процес којшто бара на овие крстосници да биде активиран адаптивниот начин на контрола на сообраќајот во зависност од сообраќајното оптоварување за да се увидат проблемите и да се дотераат параметрите за адаптивна контрола за најдобро да ги опслужува сообраќајните текови.Поради тоа, на посочените крстосници може да се појават одредени застои во движењето на возилата, како и нарушување на координацијата на семафорите, односно на зелените бранови.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и да ги почитуваат светлосните сигнали.