Кампања за превенција од зависности во Аеродром

Кампања за превенција од зависности ќе се реализира вечер, од 21 часот до полноќ, пред трговските центри „Бисер“ и „Капитол“ во Аеродром.

Организатори се Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Здравствен дом Скопје.

– Активностите се со цел информирање на граѓаните и младата популација  за  штетните последици од конзумирање алкохол, дрога и цигари  и за негативното влијание врз развојот на младата личност, како од медицински аспект, така и од аспект на ризик фактор во сообраќајот и на социјалното однесување, информира денеска Министерството за внатрешни работи.