Каршијака го направи првото изненадување во Евролигата – совладана е Барселона

Каршијака го направи првото изненадување во Евролигата - совладана е Барселона

Избраниците на тренерот Сариџ ја искористија невоиграноста на Каталонците и на крајот заслужено славеа во својот премиерен настап во Евролигата.

Првиот дел го одбележа резултатскиот егал, а во вториот следеше вистинска експлозија на домаќините. Предноста на Каршијака растеше од минута во минута, а грешките под другиот обрач се редеа како на филмска лента.

Каршијака успешно се одбрани од сите налети на фаворитот да извлече поволен резултат од ова тешко гостување, па на крајот стигна до голема победа во својот прв натпревар во Евролигата.

Најдобар во редовите на турскиот шампион беше Колтон Ајверсон со 16 постигнати поени, а тимот на Пасквал го предводеше Џастин Доелман со 14 постигнати поени.

Група Ц:

Каршијака – Барселона 71:62
Локомотива – Панатинакос
Зелена Гора – Жалгирис