Клоца за Венгер, Мартинез нов менаџер на Арсенал

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал потврди дека клупските челници ќе ја прекинат соработката со трофејниот француски стручњак, Арсен Венгер, доколку „топчиите” на крајот од актуелната сезона не стават крај на постот од осум години без освоен трофеј.

Освен дека Венгер ги одработува последните месеци како менаџер на Арсенал, истиот извор откри дека прв фаворит за престижната функција е актуелниот менаџер на Евертон, Роберто Мартинез.

Освен Мартинез, во игра за менаџерската функција е и актуелниот тренер на Ајакс, Франк де Бур, но многу поголема е веројатноста дека холандскиот стручњак за време на летниот преоден рок ќе биде именуван за нов тренер на каталонскиот гигант Барселона.