Кои три хороскопски знаци живеат најдолго?

Хороскопот открива различни аспекти од нашиот живот, но може и да ни открие колку долго ќе живееме? Еве три хороскопски знаци, што според истражувањата и статистиките живеат најдолго.

Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека нивните долги животи имаат поврзаност и со хороскопот. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во знакот Рак живеат најдолго, а го следат Овенот и Девицата.

Се верува дека голем број Ракови доживуваат длабока старост затоа што сакаат да водат здрав живот, а за тоа ги мотивира мислата да проживеат малку подолго за што подолго да бидат покрај нивните најмили, особено покрај децата, за да може да се грижат за нив, затоа што Раковите се изразено семејни и грижливи луѓе.

Девиците за нивната долговечност може да се заблагодарат на уредниот начин на живот и големата грижа за сопственото здравје. За голем број Девици правилната исхрана и физичката активност се стил на живот, па тие неможат да замислат да го живеат животот поинаку. Исто така, Девиците се прилично смирени личности, а помалку стрес значи и подолг живот.

Тајната на Овенот е ова: Од сите знаци во хороскопот Овенот има најголема страст за животот. Дека Ракот, Девицата и Овенот навистина живеат најдолго потврдува и службената листа на најдолговечните луѓе во светот што се забележува од 1955-тата година.

Меѓу 59-те лица на ластата најмногу има Ракови (8), следат Девиците (7) и Овновите (7). Интересно но меѓу овие 22 лица има дури 18 жени што го потврдува знакот дека жените живеат подолго од мажите, па дури 11 лица се од САД што се објаснува со високиот животен стандард во државата.