Колициски партнери и роднини на Заев меѓу најголемите должници на државата

Фирмата ТД ФИНЕ ДОО Скопје на бизнсменот и коалиционен партнер на Зоран Заев, Фиат Цановски, должи над милион евра данок кон државата. Меѓу должниците е и братучедот на лидерот на СДСМ, Бобан Заев кој на државата и должи околу 140.000 евра, покажува најновата листа која ја објави Управата за јавни приходи (УЈП).

Управата за јавни приходи ги објави имињата на физички лица и самостојните вршители на должност кои имаат долг повисок од 120.000 денари, а за правните субјекти листата се однесува на долг поголем од 300.000 денари, пишува порталот Курир.мк .

Станува збор за доспеани долгови до 31 април и неплатени до 31 јули, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Меѓу најголемите должници се наоѓа фирмата ТД ФИНЕ ДОО Скопје на бизнсменот и коалиционен партнер на Зоран Заев, Фиат Цаноски, која на државата ѝ должи точно 68.522.083 денари, односно околу еден милион и 100 илјади евра. Останува отворено прашањето дали Владата на Заев ќе му го наплати ваквиот долг на Цановски.

Меѓу должниците е и братучедот на Зоран Заев, Бобан Заев кој има долг од 8.561.092 денари, односно речиси 140 илјади евра. Кога Бобан Заев е во прашање, тој веќе има една пресуда која во јавноста ја објави порталот НетПрес со датум од 26 септември 2013 година, според која Бобан Заев, управител на „Тргопродукт“, сопственик на ајварот MAMA’S и прв братучед на Зоран Заев, бил осуден на условна затворска казна и на парична казна бидејки извршил кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 ст.1 од Кривичниот законик.

Меѓу должниците е и кафулето „Излет“, познато по тоа што беше збирно место на т.н. шарена револуција, место каде што редовно Заев и СДСМ организираа донаторски вечери со кои се финансираше револуцијата. „Излет“ за даноци должи точно 2.316.677 денари.

На листата сѐ уште може да се најдат и маркетите „Хедис“ на бизнисменот Велија Рамковски чии долг изнесува над 2 милиони евра.

Еден од начините УЈП да си ја надомести загубата од хроничните неплаќачи е одземањето деловен имот, возила уметнички и други вредни предмети.