Конститутивната седница на Собранието ќе се одржи утре

Службите на Собранието на Република Македонија  информираа дека претседателот на Собранието,  Трајко Вељаноски, потпишал Решение за свикување конститутивна седница на осмиот состав на Собранието на Република Македонија за утре, во 13 часот.

Според официјалните конечни резултати на ДИК од предвремените парламентрани избори одржани на 27 април, во идниот состав на Парламентот треба да седнат 61 пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, 19 од ДУИ, 7 од ДПА и 1 од ГРОМ.

Опозицијата предводена од СДСМ освои 34 мандати, но одлучи да ги врати и да не учествува во новиот собраниски состав.