Коѕијас најавува продолжување на преговорите за името, Каменос со спротивен став

Продолжувам, со мирна совест и одговорност, да преговарам за доброто на татковината, напиша во понеделникот грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на својот микроблог на Twitter, ден во масовните протести во Атина на кои демонстрантите повикуваа терминот „Македонија“ да не се содржи во името на грчкиот северен сосед и ја обвинија левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас за предваство во преговорите со македонскаата влада.

Со својата изјава шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас го потврди ставот дека владата во Атина нема да биде под влијание на демонстрациите во грчката престолнина и пред две седмици во Солун, во нејзините напори конечно да го реши деценискиот спор за името со Републија Македонија.

Грчката влада нема намера да ја менува надворешната политика. Надворешната политика не се води со митинзи и владиниот план останува во сила, изјави претставник на цладата на Алексис Ципрас, веднаш по протестот во Атина.

Истовремено, Панос Каменос, инаку помалиот коалициски партнер во грчката влада, челник на националистичката партија Независни Грци не се согласува со ставот на премиерот Ципрас дека протестот во Атина бил неуспешен затоа што ги немало најавените милиони демонстранти.

Грчкиот министер за одбрана Каменос, кој од првиот момент го поддржа протестот, има поинаков став, а на Twitter коментираше дека „собирот бил душата на Грците“.

„Единството на Грците не може да го оцрнат радикални гласови. Протестот беше душата на Грците, независно од партиите и никој не може да не го почитува“, напиша Каменос на социјалната мрежа.