Кузмановска: СДСМ и покрај нашите укажувања повторно не се откажува од зголемувањето на даноците

СДСМ и покрај нашите укажувања повторно не се откажува од зголемувањето на даноците, а со тоа директно задира во џебот на граѓаните и ги брка странските инвеститори, но економијата не смее да трпи заради незнаењето и неспособноста на Социјалдемократскиот сојуз, истакна на прес-конференција Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зголемувањето на даноците според планот на министерот Тевдовски и СДС од 10 на 18 отсто значи крах на економскиот и финансискиот систем во Република Македонија. Очигледно е дека СДС не ја научи лекцијата на зголемување на даноци, имајќи ги во предвид неколкуте неуспешни обиди од пред 2006 година за зголемување на данокот на 15, 18 и 24 отсто кои ја втурнаа државата во пропаст“, посочи Кузмановска.

Според неа, со зголемувањето на даноци всушност ќе започнат појавите како даночната евазија, сивата економија, а домашните компании ќе станат неконкурентнии ќе бидат принудени да отпуштаат работници со што ќе се зголеми невработеноста како пред 2006 година.

„Мораме да апелираме на загриженост и да ги известиме граѓаните дека со ваквата анти-реформска односно идниректна реформа ќе има сериозно зголемување на цените на продуктите за домашните потреби, ќе има зголемување на пример на цените на лебот, прехрамбената индустрија, угостителските услуги и услужните дејности, или со еден збор на среден рок ќе се случи домино ефектот во покачување на цените, односно постои многу сериозна опасност од инфлација“, рече Кузмановска.

Појасни дека зголемувањето на даноците ќе значи сериозен удар врз приватниот сектор, без разлика на домашните или странските компании, ќе се намали интересот за инвестирање во државата и ќе падне на дното од листата на Дуинг Бизнис. Ваквиот начин на функционирање, продложи претставничката на ВМРП-ДПМНЕ, поради намалување на инвестициите ќе го намали и извозот на странските компании кој опфаќа поголем дел од извозот во државата.

„Голем дел од граѓаните кои поседуваат капитал, кои благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ го вратија во Република Македонија, ќе бидат принудени повторно да го изнесат надвор од земјата. Како држава, ќе станеме неатрактивни за водење бизнис, а граѓаните се повеќе ќе осиромашуваат“, рече Кизмановскаи порача дека грѓаните не очекуваат зголемување на даноците што го најавуваат од владата на СДСМ туку очекуваат да го реализираат ветеното во периодот на предизборието.