Лепиткова: Градоначалникот на Струга да ја дислоцира депонијата-гасовите се високо канцерогени

Ова е проблем на несреќно избрана локација од страна на локалната самоуправа, градоначалникот кој што ја избрал таа локација без да ги консултира, или да ги прифати препораките кои доаѓаат од оние институции кои што за тоа се меродавни, изјави универзитетскиот професор и експерт, Соња Лепиткова во денешното гостување во Вестите во Телевизија Алфа, во однос на запалената депонија во Струга.

Таа вели дека општина Струга не ги прифатила препораките на Министерството за животна средина за дислокација на депонијата.

– Палењето е најголемиот проблем. Затоа локалната заедница и комуналното претпријатие многу треба да обрнат внимание на горењето на сметот, смета Лепиткова, додавајќи дека гасовите кои се ствараат со палењето се високо канцерогени.

Целото интервју на Лепиткова за Алфа ТВ погледнете го во продолжение.