Македонија и Србија меѓусебно си ги признаа возачките дозволи

Доколку патувате во Србија повеќе не ви е потребна меѓународна дозвола.

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Гордана Јанкуловска и Небојша Стефановиќ, потпишаа Договор меѓу двете Влади за взаемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.

-Овој договор ќе овозможи на граѓаните да минуваат без посебни процедури од една во друга земја – рекол Стефановиќ.

Стефановиќ прецизирал дека договорот мора да биде ратификуван во Собранието на Србија како би стапил на сила и изразил очекување дека тоа ќе се случи набрзо.

Министерката Јанкуловска потврдила дека договорот има конкретно значење за граѓаните на двете земји, посебно ако се знае дека многу српски државјани транзитираат низ Македонија на пат кон туристичките дестинации.

Таа оценила дека соработката на двете полиции претставува пример за одлична регионална соработка.