Македонско девојче – Мис на фолк фестивалот „Врачанска пролет“ во Бугарија

КУД „Ристо Донев-Учителот“, се врати од деветтото издание на фолк фестивалот „Врачанска пролет“ кој се оддржа во Општина Враца.25 играорци од ова друштво имаа двоен настап на фестивалот каде имаа дводневен настап, во салата на градското читалиште и на отворено пред зградата на општината.

Тие имаа одлична изведба со ората „Малешевка“ и „Повардарие“ а покрај нив, на фестивалот настапија состави од Бугарија, Словачка, Црна Гора и Северна Осетија. Како забавен дел на фестивалот, беше организиран избор за Мис на фестивалот, при што од девет преставнички, титулата ја понесе Македонското девојче, од КУД Ристо Донев-Учителот, десетгодишната Анастасија Ристова.

Гостувањето на КУД „Ристо Донев-Учителот“ беше договорено при посетата на бугарска делегација на општина Штип пред неколку месеци, составена од неколку градоначалници. Тие на средбата со штипскиот градоначалник, Илчо Захариев упатија покана за учество на фолк друштво на фестивалот, што беше веднаш прифатено.

За време на престојот во Бугарија, претставници на општината и на друштвото имаа и средба со кметот на Враца. Делегацијата на КУД Ристо Донев-Учителот со кореографот Методи Глигоров, и претставникот на Општина Штип разговараа и за можна понатамошна соработка, како во фолклорот така и во други области.