Макстил престанува со работа

„Макстил“ престанува со работа, информира ТВ Телма. Компанијата денеска ја известила Владата дека во наредниот период нема да работат поради дефект на Електролачна печка.

Веста доаѓа по вчерашната информирање во вестите на Телма дека огромни облаци чад се испуштаат од „Макстил“ и дека граѓаните на населбата Железара се вознемирени поради загадувањето.

Министерството за животна средина на бараање на Телма денеска испрати соопштение до Редакцијата на инфомративна програма во кое се потврдува дека во „Макстил“ имало дефект и дека компанијата претстанува со работа.

Министерството потсетува дека Владата на оваа компанија и` го пролонгираше рокот за исполнување на еколошките стандарди за добивање на А-интегрирана дозвола за работа до 30. октомври.

Но, поради реакциите за зголемено загадување во последниот периот, е изготвено решение за вонредно мерење на фугитивната прашина од страна на акредитирана лабораторија со кое покрај контрола на ПМ 10 честичките е предвидена и анализа на составот на честичјките.

Министерството најави дека доколку се утврди дека причинител за зголеменото загадување на амбиеталниот воздух е Макстил, дека ќе се изречат казни и тоа од 70.000 до 100.000 евра за правното лице и 8.000 до 13.000 евра за одговорното лице. Но, на крајот од соопштението се наведува дека „Макстил“ информирал дека „во наредниот период нема да работат поради дефект на Електролачна печка“.