Пожар изби во една од куполите на Собранието

Мал пожар изби изутринава во една од куполите на Собранието на Реублика Македонија, каде се уште се извршуваат градежни работи.

Пожарот е саниран, а истиот избувнал кога при заварување на челичната конструкција искра паднала на термичката подна изолација. Веднаш е увидено, реагирано и санирано. Имало само чад бидејќи се работи за затворен простор.

Материјална штета не е направена.