Македонија

Мемети: Децата да не се злоупотребуваат во политичи цели

Мемети: Децата да не се злоупотребуваат во политичи цели

Да се избегнат сите обиди за евентуална манипулација и злоупотреба на децата за партиско-политички цели, во пресрет на кампањата за претседателските и предвремените парламентарни избори, апелира народниот правобранител Иџет Мемети, до сите учесници во изборниот процес.

„ Апелот го упатувам со цел да не се повторуваат случаите од минатите изборни циклуси во кои децата беа користени во политички настани, спотови и билборди. Исто така, потсетувам дека злоупотребата на децата за политички цели се смета за кршење на нивните слободи и права, а со тоа и прекршување на сите меѓународни и домашни правила за заштита на правата на дететли во соопштението од народниот правобранител.

Мемети ги повикува и медиумите да се воздржат од емитување на платени политички програми или пораки доколку во нив се опфатени и децата.