Москва се надева на успех при вториот круг на мировните преговори во Женева

Москва се надева на успех при вториот круг на мировните преговори за Сирија во Женева. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров по преговорите со алжирскиот колега Рамтан Ламамра, пренесе ИТАР-ТАСС.

„Го поздравувам почетокот на конференцијата Женева 2, вториот круг што започна вчера. Се надеваме дека тој ќе биде корисен и земјите ќе можат да постигнат до согласност“, рече Лавров.