Балкан

Му го спасив животот, а утредента ми го уби семејството

Му го спасив животот, а утредента ми го уби семејството

Еден од соседите на Љубиша Богдановиќ, кој пред една година уби 11 лица, со тага и болка во градите раскажува дека еден ден пред грозоморниот настан, во кој му било убиено семејството, му го спасил животот на убиецот.

„Не можам да се помирам со ова. Тагата и болката не престануваат. Останува само да се надеваме дека со нашите најмили ќе се сретнеме на некое подобро место. Ден пред да го изврши масакрот јас му помогнав, му го спасив животот. Спречив да фати соголени жици од невнимание и да го удри струја и да почине“, а тој ми го направи ова, вели негов сосед низ солзи.

За потсетување, Љубиша на 9 април со пиштол си ги уби соседите, мајката и братот, а ја рани и сопругата. На неговиот гроб дојде само сопругата.