Спорт

Мурињо: Погба дојде среќен во Манчестер

Мурињо: Погба дојде среќен во Манчестер

Менаџерот на „Манчестер Јунајтед“, Жозе Мурињо рече дека Пол Погба среќен се придружил на подготовките на клубот.
Откако го освои Светското првенство во Франција, 25-годишниот фудбалер имаше повеќе време да се одмори и се појави на „Олд Трафорд“ во понеделникот.

Тогаш, наводно, пристигнала понудата од Барселона, иако претходно имаше интерес и од „Јувентус“. Сепак, „Јунајтед“ не го пушти скапо платениот играч.

Од моја перспектива, Погба беше среќен во понеделникот, горд и со многу желба за работа. Тој одлично тренираше во понеделник, вторник и среда, но сѐ уште не сум разговарал со него, треба да видам колку е физички и ментално подготвен. Истиот разговор ќе го имам со Јанг, Фелаини и Лингард. Дали чуствуваат дека можат да ни помогнат против „Лестер“ … Треба да се обидеме да го извлечеме најдоброто од секој играч, изјави Мурињо.