Најмалку 15 загинати во ракетен напад врз училиште во Газа

Најмалку 15 луѓе загинаа, а околу 150 се ранети во ракетен напад на израелското воздухопловство врз училиште во градот Бејт Ханун, каде биле сместени палестински бегалци.

Над 140.000 Палестинци избегаа од своите домови од почетокот на борбите меѓу Израел и исламистичкото движење Хамас пред 17 дена. Многу од нив засолниште најдоа во згради под управа на Светската организација.