Најстарот австралиски научник почина со евтаназија во Швајцарија

Највозрасниот австралиски научник, 104-годишниот Дејвид Гудејл, е евтанизиран во четвртокот на клиника во Швајцарија, соопшти организацијата Exit International која се бори за правото на евтаназијата.

Научникот почнал мирно во 12,30 часот на клиника во Базел, соопшти организцијата. Гудејч специјално минатата седмица отпатува во Швајцарија, бидејќи ваквата процедура во Австралија е забранета. Како што соопшти основачот на австралиската организација Exit International, Филип Нишке, волонтерите собрале за научникот 20.000 австралиски долари.

Пред заминувањето во Базел, Гудејл познат еколог и ботаничар кој инаку не беше смртно болен, релче дека се решил на евтаназијата бидејќи бил се’ помалку способен самиот да се грижи за себеси. Во својот последен јавен настап, рече дека го изненадил интересот на јавноста.

„Не сум среќен. Сакам да умрам. Ова не е особено тажно. Тажно е доколку на човек тоа не му се дозволува“, изјави научникот во интервјуото објавени во април по повод неговиот роденден,

„Попрво би завршил во Австралија, навистина жалам што Австралика доцна зад Швајцарија“ во прашањето на правото на смрт, изјави Гудејл во средата во пресрет на евтаназијата кој имаше неуспешен обид за самоубиство на почетокот од годинава.