Економија

Намалени продажните цени на индустриските производи во декември

Намалени продажните цени на индустриските производи во декември

Продажните цени на производителите на индустриски производи на месечно ниво се намалени за 0,6, а за 3,6 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември лани, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 4,8 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за еден отсто.

Во декември лани, во споредба со декември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за пет отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 3,6 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,2 отст.