сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 48

Катица Јанева почна да лаже во Собранието (ВИДЕО)

На вчерашната седница Катица Јанева во одговорот на пратеничко прашање истакна дека во досегашните 12 % од прислушкуваните разговори немало разговори од Зоран Заев. Денеска даде целосно различен одговор.

janeva

Последни вести

Катица Јанева очигледно фатена во тесно од незгодните прашања на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ почна и да лаже пред пратениците и целата македнска јавност.

На вчерашната седница Катица Јанева во одговорот на пратеничко прашање истакна дека во досегашните 12 % од прислушкуваните разговори немало разговори од Зоран Заев.

„Што се однесува да покренеме истрага против градоначалникот на Струмица, досега одговорно тврдам на тие 12 % раговори кои ги преслушавме, нема разговори од градоначалникот. Нема!“, вчера одговори Катица Јанева.

Денес истата Катица Јанева, на истото прашање, даде целосно различен одговор. Таа денес призна дека вчера излажала и дека Зоран Заев го има во 12-те % од досега преслушаните разговори.

„Во тие 12 % кои ги преслушавме реков дека Зоран Заев не е преслушан за некој тендер или слично, не значи дека не се слуша во некој дел од разговорите“, кажа денес Катица Јанева.

Најчитани вести