Негативните особини на секој од хороскопските знаци

Иако често се спомнуваат само позитивните особености, сепак секој од хороскопските знаци во Зодијакот има и свои маани и негативни карактеристики. Кои се негативните карактеристики на вашиот хороскопски знак дознајте во продолжение:

Овен

Тој е борец, секогаш прв, склон кон игри и сплеткарења, со заразен темперамент. Тие ги сакаат жените (мажите) ги сметаат за сексуални објекти и по „завршеното“ често забораваат на нив. Тие се добри економисти и воглавно работат на добро платени работни места.

Недостатоци: Годеливост, брзоплетост и его.

Бик

Сака да јаде, да пие и да спие. Со тоа (барем така велат) го сака и сексот. Темпераментни, дипломати, тврдоглави, мрзеливи (освен ако не се работи за дбро платено работно место). Тие се материјалисти, често се успешни во политиката и во воените дејствија, но и во економијата. Тие се вистински мецени за уметност, иако се вели дека Биковите имаат талент и нешто сами да создадат.

Недостатоци: Непопустливост, склоност кон алкохол, љубомора

Близнаци

Тие се личности „пола-пола“. Колку имаат добри, толку имаат и лоши карактеристики. Тие се привлечни но студени, интелегентни но неемотивни, самокритични но сакаат да плукаат и по другите. Контрадикторен, дуален знак што денес тврди едно, утре друго а потоа плука по она што вчера го кренал до ѕвездите. Често се бисексуални.

Рак

Воден знак што има променливо расположение и кој што се пронаоѓа во речиси секоја професија, но му треба време за да се одлучи само за една. Доколку тоа не го направи на време, може да стане социјален случај. Од друга страна може да стане мултимилјардер. Инаку е добар домаќин, со благо однесување и темперамент, емотивен и хиперсензибилен, лесно се навредува, но не покажува дека е повреден или дека нешто му пречи.

Недостатоци: Лесно се навредува, склон е кон пороци, премногу е емотивен, понекогаш расеан.

Лав

Ниту еден Лав или Овен не дотуркал далеку во животот, а луѓето да го сакаат или да не е убиен или пак да не извршил самоубиство. Тие се диктатори, не ги признаваат сопствените грешки, секогаш се во право. Мирен е само ако е надгласан или ако се наоѓа во околина што е интелектуално (или во некое друго поле) над него. Може да биде дипломат, но ретко. Доколку има моќ, околината ќе настрада. Најдобро е да го нахраните и да му дадете негов простор за да не ја тиранизира околината.

Девица

Помалку дуален знак, добар речиси во се што прави, самокритичен, понекогаш своеглав и мрзелив. Аналитичен, материјалист како Бикот, со променлив карактер, добар и импулсивен. Ако тргне премногу нагло, знае да ја упропасти ситуацијата па ги вика пријателите да го спасат. Има боемска црта што подразбира картање, алкохол и секаков секс.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…