Нов дизајн на старата добра www.on.net.mk адреса

Од денеска порталот On.net добива комплетно нов изглед.Редизајнираниот портал е производ на неколку месечна работа на модернизација на ликот и содржините, а сето тоа во интерес на посетителите на страната.

„Промената е веднаш видлива.Во морето портали, важно е да се биде во тренд со технологија и дизајн, а понатаму останува, како и досега, да бидеме секогаш актуелни во темите и содржините кои им ги нудиме на нашите читатели,“ изјави Катерина Грозданова, уредник на on.net.

Со новиот дизајн, On.net ги прилагоди боите на страната кон корпоративните бои на својата сестринска компанија, телекомуникацискиот оператор ОНЕ. Технички, сајтот е дополнет со апликација за Android и IOS и виџет, а на сајтот и натаму останува сервисот Zulu на ОНЕ. Од аспект на рекламен простор, сајтот е збогатен со нови позиции за банери.

On.net е меѓу првите портали во земјата кој од своите почетоци протежира специфични и секогаш атрактивни содржини за своите читатели, актуелни теми од култура, забава, спорт, интересни колумни итн.