Огласи за вработување медицински персонал во септември

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека во септември ќе бидат распишани нови огласи за вработување во септември, а новата Клиничка болница во Штип ќе биде готова наредната година, наместо на крајот од 2018 година, изјави тој при посетата на штипската болница.

Прашан како ќе се реши недостатокот на лекари во тетовската болница, каде што 80 лекари побарале откази за да заминат во странство, Филипче вели дека овој проблем ќе се решава со регионализација на здравствениот систем на територија на целата држава.

Министерството за здравство ќе биде подготвено да ги распише новите огласи за вработување во септември. Најголеми потреби од кадар има во Здравствениот дом во Скопје, а исто така е и разгледано и барањето на штипската Клиничка болница за вработување на 100 медицински лица, од кои 26 се лекари.Значи доколку недостасува некој кадар од одредена струка во една болница тој ќе се надополни со лекари, кои што ќе доаѓаат таму и ќе работат во друга болница. На тој начин ја стимулираме и дополнителната работа за докторите, со што дополнително се зголемува нивниот приход. Но, не можеме да имаме центри, кои што ги имаат сите сервиси во секој град. Тоа е невозможно, ниту е и европска практика. Така да на тој начин планираме да ја надополниме оваа празнина,вели Филипче.

Според него, во здравствените инстутиции за половина година во земјава се вработени 1.200 лица, од кои дел на определено, а дел на неопределено работно време, најголем дел лекари и медицински кадар.